УЈП почна да ги генерира Годишните даночни пријави за 2020, граѓаните до 31 мај треба да ги потврдат

Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека започнале со активноста за генерирање и доставување на претпополнетите Годишни даночни пријави за 2020 година за утврдување на данок на личен доход, информираат од УЈП.

Тие ги повикуваат регистрираните корисници на системот „е-ПДД“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2020 година преку корисничките профили.

„Граѓаните може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2020 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31.05.2021 година“, информираат од УЈП.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2021 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишни даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава за 2020 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.

Доколку службеното лице не ја одобри пријавата, ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на личен доход за 2020 година.

„Апелираме до граѓаните кои оствариле приходи, а се уште не се регистрирале на системот е-ПДД, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги во предвид бројните придобивки на користењето на системот“, информираат од УЈП.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

банкноти пари плата пензии

MOН досега исплатило 48.000 ученици, парите за јануари – идната недела

Се соочуваме со предизвик што често се доставуваат неточни податоци, односно трансакциски сметки на родители …