Мојддв

УЈП ЗАПОЧНА СО ИСПЛАТА НА ПАРИЧНИ СРЕДСТВА ПО МОЈДДВ

Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства, согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Повратот од 15 % од ДДВ се префрла на сметките на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември 2019 година.

Досега е исплатен поврат кај 16.600 граѓани, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата МојДДВ, киоск апаратите и бар-код читачите во организационите единици на Управата за јавни приходи.

Во првиот квартал од МојДДВ скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари. Повратот од 15 % од платениот ДДВ е во висина од 186.215.194 денари.

Со подетални информации Управата за јавни приходи ќе излезе по заокружувањето на целата исплата кај сите корисници на МојДДВ, коишто ги исполниле условите за поврат на 15 % од ДДВ.

Прочитајте повеќе

банкноти пари плата пензии

MOН досега исплатило 48.000 ученици, парите за јануари – идната недела

Се соочуваме со предизвик што често се доставуваат неточни податоци, односно трансакциски сметки на родители …