Украина го направи првиот чекор кон членство во ЕУ

Украина го направи првиот чекор кон членство во ЕУ

Кога претседателката на Еврокомисијата му го предаде прашалникот за членството во ЕУ, украинскиот претседател Зеленски вети брзи одговори. И го одржа зборот. Украина сега се надева дека ЕУ ќе дејствува исто толку брзо.

Украина го пополни прашалникот за апликацијата за пристапување, кој е почетна точка за Европската унија да одлучува за нејзиното членство.

„Денеска можам да кажам дека украинската страна го комплетираше документот“, изјави за украинскиот јавен сервис, Игор Жовква, заменик-шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

„Очекуваме препораката да биде позитивна, а потоа топката ќе биде на страната на земјите-членки на ЕУ“, рече тој.

Европската комисија ќе мора да издаде препорака за исполнување  на неопходните критериуми за членство од страна на Украина, додаде Жовква.

Ukraine-Krieg - von der Leyen

Тој додаде дека Украина очекува да добие статус на земја кандидат за пристапување кон ЕУ во јуни за време на закажаниот состанок на Советот на ЕУ.

Повеќе: Проширување на ЕУ – дали сега сѐ ќе оди побрзо?

Шефовите на држави или на влади на ЕУ ќе се состанат на 23 и 24 јуни, според распоредот на Советот објавен на неговата веб-страница.

„Следно, ќе мора  да ги започнеме пристапните преговори. И кога ќе ги одржиме тие разговори, веќе ќе можеме да зборуваме за полноправно членство на Украина во ЕУ“, рече Жовква.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му го предаде прашалникот на Зеленски за време на посетата на Киев на 8 април, ветувајќи напори за забрзување на пристапувањето на Украина во ЕУ по руската инвазија. „Нема да бидат потребни, како и обично, неколку години за да се формира мислење, туку неколку недели“, рече фон дер Лајен.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …