Украинскиот санкач Владислав Хераскевич е исфрлен од Олимписките Игри во Милано–Кортина откако го одби повикот од Меѓународниот олимписки комитет да користи кацига различна од онаа што им оддава чест на спортистите убиени во војната со Русија.
Претседателката на Меѓународниот олимписки комитет, Кирсти Ковентри, утрово го чекаше Хераскевич на врвот на патеката околу 75 минути пред почетокот на трката во машко санкање.
Тие се повлекоа во приватен простор и накратко разговараа, и очигледно Ковентри не успеала да го убеди Хераскевич да ја промени својата одлука.

Хераскевич пристигна на Олимпијадата со прилагодена кацига на која се прикажани лицата на повеќе од 20 украински спортисти и тренери кои беа убиени за време на војната – конфликт што започна кратко по крајот на Зимските игри во Пекинг 2022.
МОК во понеделникот вечерта соопшти дека кацигата нема да биде дозволена за користење на натпреварот, повикувајќи се на правило против политички ставови на олимпискиот терен. Сепак, Хераскевич ја носеше кацигата на тренинзите во вторник и среда, знаејќи дека МОК на крај може да го спречи да учествува во олимписката трка.
„Кацигата не прекршува ниту едно правило на МОК“, рече Хераскевич.
Извор: DW
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место