Улицата „Кеј 1-ви Мај“ наскоро ќе биде асфалтирана

Улицата „Кеј 1-ви Мај“ наскоро ќе биде асфалтирана

Наскоро ќе завршат проблемите на жителите на улица „Кеј 1-ви Мај“. Оваа улица ќе биде асфалтирана во должина од 270 метри. По пробивање на овој потег од старата автобуска станица  до улицата „Димо Наредникот“, во голема мера ќе се регулира сообраќајот во централното градско подрачје, едноставно ќе се спречи досегашниот сообраќаен метеж. Градот добива продолжена  улица со безбедни  тротоари.

Улицата „Кеј 1-ви Мај“ наскоро ќе биде асфалтирана“Во рамките на своите активности локалната самоуправа изврши пробивање на  дел од улицата ‘Кеј 1-ви Мај’ на потегот од старата автобуска станица  до улицата ‘Димо Наредникот’. Со рушење на времените објекти на улицата ‘Андон Слабејко’, овој дел е решен со пет сливници, извршено е тампонирање на улицата. Во тек е подготовка за тампонирање и редење на тротоарите со бекатон плочки. Со пробивање на овој потег, ќе се регулира сообраќајот во овој дел од градот“, изјави Златко Петрески, од Општина Прилеп.

Во моментов изведувачи работат на бројни локации низ градот. Се вршат детални интервенции, се преземаат пообемни градежни активности, со коишто се решаваат децениски комунални проблеми  на граѓаните. Се тампонираат одделни улици, други се асфалтираат, се менува на места, старата дотраена азбестна со нова по европски стандарди водоводна инсталација. Се градат нови улици, согласно со сите стандарди со безбедни тротоари, и регулирана атмосферска канализација, која што со години создава проблеми при обилните поројни дождови.

Прилеп добива урбан лик.

Прочитајте повеќе

време облачно студено

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Атмосферските модели и проценки упатуваат на потопло лето. Во јули и во август може да …