Улицата Македонија во Охрид ќе стане пешачка зона

Улицата Македонија во Охрид ќе стане пешачка зона

Во рамките на проектот „New horizons through advanced walking zone“ со адаптација на улицата Македонија во пешачка зона, ќе се обезбеди поинаков спој меѓу езерото, луѓето и урбаниот дел на градот.

Проектот се работи на ниво на физибилити студија, а една од идеите за зголемување на атрактивноста на просторот е создавање на унапредена -проширена пешачка зона со која би било исклучено движење на возила по улица Македонија.

Станува збор за проект дел од голема програма која ја спроведуваат ICLD (Интернационалниот центар за Локална демократија) и SKL International (дел од шведската асоцијација на локални управи и региони), кои овозможија во програмата заедно со тимовите од седум градови од Србија, Украина и Турција да биде вклучен и тимот на Општина Охрид.

Од локалната управа признаваат дека во изминативе неколку децении направени се бројни пропусти и штети врз хармонизираниот спој на природните, културните и вкупните амбиентални вредности, единствено карактеристични за овој простор, но стои определбата да се запре тој тренд и да се креираат нови стратегии за одржилив развој на Охридскиот регион.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …