Умерен земјотрес регистриран во близина на брегот на Албанија

Умерен земјотрес регистриран во близина на брегот на Албанија

Во Јадранско Море во близина на Тирана синоќа 13 минути по полноќ е регистриран земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Тирана и 27 километри северозападно од Драч на длабочина од 10 километри.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Извор:ФРОНТЛИНЕ

Прочитајте повеќе

извор на нафта нефтена

САД дозволија купување руска нафта која е заглавена на море, цените продолжија да растат

Цените на нафтата и денеска продолжија со зголемување, и покрај тоа што САД издадоа 30-дневна …