Уметноста на минимализмот – Less is more!

Уметноста на минимализмот – Less is more!

„Едноставноста е крајната софистицираност“ – Леонардо да Винчи

Уметноста на минимализмот – Less is more!Ново признание за членката на Фото Кино Клубот „Прилеп“, Мери Бошкоска, која на неодамнешниот меѓународен натпревар Skopje Photo Salon 2021, за фотографијата со наслов „Sasha“, се закити со наградата PSA GOLD Medal.

Мери Бошкоска работи како редовен професор на Економскиот факултет во Прилеп, а со уметничка фотографија активно се занимава во последните три години.

Кога во 2018 година станува член на Фото Кино Клубот „Прилеп“ – Прилеп, а од 2019 година и член на претседателството на Клубот, како што самата вели, сфаќа дека има голема разлика меѓу т.н. snapshot (фотографија направена спонтано и брзо, најчесто без уметничка или новинарска намера) и уметничката фотографија. Тоа ја разбудило нејзината љубопитност да се стекне со нови знаења и вештини, како и континуирано да напредува во полето на уметничката фотографија.Уметноста на минимализмот – Less is more!

Нејзиното активно учество во повеќе национални и меѓународни натпревари за уметничка фотографија резултира со над 100 примени фотографии и повеќе освоени награди, меѓу кои и споменатата PSA GOLD Medal, од неодамнешниот меѓународен натпревар Skopje Photo Salon 2021.

Инспирацијата за оваа и повеќето нејзини фотографии ја црпи од минимализмот, како стил во уметничката фотографија кој, всушност, преставува способност да се поедностават и да се елиминираат непотребните нешта, за да насочи вниманието на гледачот кон главниот субјект.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …