Унапредувањето на средното стручно образование и потребниот кадар на пазарот на трудот, тема на денешната дебата во Општина Прилеп

Унапредувањето на средното стручно образование и потребниот кадар на пазарот на трудот, тема на денешната дебата во Општина Прилеп

Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, денеска во Општина Прилеп согласно протоколите за заштита од Ковид 19 се одржа јавна дискусија во насока на доближување на потребите на компаниите од една и средните стручни училишта од друга страна, а со цел создавање на стручно образование коешто ќе профилира кадар кој му е потребен на реалниот сектор.

На јавната дебата присуствуваа Министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалниците на општините Прилеп и Крушево, директорката на Државниот испитен центар, претставници од Стопанската комора, директори на средните стручни училишта и претставници од бизнис секторот.

За потребите на кампањата „Учи паметно, работи стручно“, Министерството за образование и наука спроведе анализа во насока на утврдување на соодветноста на постојните образовни профили кои ги нудат училиштата, како и на потребата од нови профили кои им се потребни на компаниите, а кои не се вклучени во наставните програми со кои беа опфатени 22 компании од Прилеп, една од Кривогаштани и две од Крушево.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски во рамките на денешниот социјален дијалог истакна дека еден од најважните предуслови за локалниот економски развој, за функционирањето на компаниите, за развој на индустријата и унапредување на бизнис климата во општината, е квалификуваниот стручен кадар.

Унапредувањето на средното стручно образование и потребниот кадар на пазарот на трудот, тема на денешната дебата во Општина Прилеп„Корелацијата помеѓу потребите од стручните кадри на стопанските субјекти во нашиот град и понудата што ја даваат нашите средни училишта со стручен кадар за непречена работа на овие компании, е многу значајна. Мислам дека локалниот економски развој зависи токму од тоа, односно дали имаме доволно оспособени кадри во сите стопански субјекти. Ова е веќе втора година откако во Прилеп имаме дуално образование во СОУ „Ристе Ристески Ричко“, каде се опфатени два профили кои покрај теоретска настава посетуваат и пракса во фирмите „Витаминка“ и „Гентерм“. Ова е еден податок што ме радува и мислам дека тоа е клучот на успехот и на компаниите и на средните училишта“, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Целта на квалитетното образование е учениците да стекнуваат општи применливи знаења и вештини, компатибилни на пазарот на трудот.

„Преку овој дијалог сакаме да создадеме доверба помеѓу училиштата и компаниите на локално ниво, но исто така и профилите кои ќе ги отвориме во средните стручни училишта за 2021/22 година да бидат согласно нивните потреби и да се трудиме што поголем број од учениците кои ќе се запишат во ти струки да можат и понатаму да имаат пракса во компаниите. На тој начин компаниите добиваат можност и да го спремаат својот иден кадар и вложувањето да го направат во периодот на образование, а не после образовниот процес. На тој начин имаме и поквалитетен работници, но и поспремни ученици за своите идни работни места. На овој начин продолжуваме да го водиме овој дијалог за да може кога ќе излезат повиците за запишување, да бидат усогласени на локално ниво и согласно потребите на реалниот сектор, но исто така и согласно препораките на училиштата.

Унапредувањето на средното стручно образование и потребниот кадар на пазарот на трудот, тема на денешната дебата во Општина ПрилепДополнително, Министерството за образование и наука за да ја поттикне заинтересираноста на учениците за запишување во средните стручни училиште, има политика на стипендирање на средно стручно образование кое и оваа година се покажа успешно, но во поголем обем и поинтензиво. Објавата за стипендирање на средните стручни училишта ќе биде порано или заедно со повикот, со цел да ги мотивираме учениците“, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во анализата која ја спроведе МОН, учествуваа 450 компании од цела држава, од кои дури 85 % се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава, нешто што е многу важно за создавање на стручен и квалитетен кадар.

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Хиристоски истакна дека активно се вклучуваат во овие реформи, кои значат економски раст и развој на локално и регионално ниво, додавјаќи дека е потребно да се потпишат меморандуми за понатомошно вработување на кадрите од новите профили од средните училишта со локалните компании.

„Стопанската комора секогаш прави на годишно ниво анализи, и секогаш имаме една иста јасна слика. Потребни се оние квалификации кои што бараат ниски мануелни вештини како што се бравари, заварувачи, механичари, електротехничари, електричари, оператори со ЦНЦ машина, коишто директно можат да се вклучат во работниот процес“, истакна Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија.

Директорката на СОУ „Орде Чопела“, Анета Пејоска истакна дека средното стручно образование е модуларно и веќе две години се работи со модуларно дизајнирани програми, што значи дека се става поголем акцент на праксата отколку на теоријата.

Прочитајте повеќе

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите подолго време преку јавни настапи, протести и генерален штрајк, што го започнаа денеска, бараат …