УНЕСКО ЈА ЗАОСТРУВА РЕТОРИКАТА, ЌЕ ИСПОРАЧА НОВИ СТРОГИ ПРЕПОРАКИ ЗА ОХРИД ИСПИШАНИ НА 200 СТРАНИ

УНЕСКО ЈА ЗАОСТРУВА РЕТОРИКАТА, ЌЕ ИСПОРАЧА НОВИ СТРОГИ ПРЕПОРАКИ ЗА ОХРИД ИСПИШАНИ НА 200 СТРАНИ

Нови строги тонови и забелешки испишани на 200 страни ќе нотира Унеско за Охрид во новиот извештај кој од понеделник треба да стигне на адреса на општина Охрид. Од извори добро упатени во сегашната драфт верзија на извештајот  дознаваме дека организацијата меѓу бројните препораки ќе побара и целосна забрана за градба, отстранување на објектите кое сега функционираат како плажи и ослободување на брегот, уривање на сите дивоградби, па дури е и против поставување на нови и предлага отстранување на постојните сончеви колектори на крововите од куќите во Стар Град.

Унеско е за да се ограничи и издавањето на дозволи за градба согласно Планот за управување со регионот и ќе каже дека во Стар Град не може да се поставуваат тенди, настрешници и останати реквизити со кои се нарушуваат визурите околу знаменитите објекти од културно историското наследство, конкретно посочувајќи ги тендите на летните тераси околу црквата Света Софија.

Од Општина Охрид велат немаат увид во драфт верзијата,  новите препораки ќе ги коментираат кога официјално ќе го добијат Унесковиот извештај.

Според градоначалникот Георгиевски од сите забелешки најтежок процес и понатаму ќе биде уривањето на дивоградбите но и усогласувањето на сите урбанистички планови со Планот за управување.

Георгиевски е на ставот дека проблемот е комплексен од повеќе аспекти, а дел и од досегашните препораки според него се нелогични и неостварливи.

После добивањето на забелешките властите ќе имаат одреден рок да испратат одговор.Во меѓувреме екологистите коментираат дека е се поизвесно дека на следната сесија Охрид ќе заврши на листата загрозени светски наследства.

Извор: ТВ 24

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …