Уништени плоштади, Стара чаршија и амфитеатар во Варош

СДСМ Прилеп: Уништени плоштади, Стара чаршија и амфитеатар во Варош – резултат од четиригодишното владеење на ДПМНЕ

Прес-конференција на Магдалена Тројачанец Ристевска, членка на Извршен одбор на СДСМ – Прилеп

Без никаква дилема, општина Прилеп инфраструктурно е најиспустената и најзабаталена општина во цела држава.

Според листата на желби наречена „Изборна програма на ДПМНЕ и Борче Јовчески“, Прилеп требаше да биде чист и уреден град со реконструирани плоштади, Стара градска чаршија и амфитеатар во Варош, со изградени нови улици и патишта, тротоари оспособени за слободно движење на пешаците.

Или, сушта спротивност на денешната грда слика на градот, што е директна последица на четиригодишното владеење на ДПМНЕ.

Амфитеатарот во Варош е обраснат со трева и затрупан со ѓубре, заборавен и препуштен на забот на времето.

Не само што прилепските плоштади пропаѓаат од ден на ден, туку локалната власт на ДПМНЕ во 4 години не замени ниту една плочка.

Слика и прилика за неодговорното раководење со градот од страна на Јовчески и ДПМНЕ е „Патеката на славните“, поставена на „Арт“ плоштадот пред „Марко Цепенков“. На патеката со години не е впишано ниту едно ново име, а со искажаната негрижа за нејзината состојба се девалвираат наши сограѓани, заслужни прилепчани и авторитети чии имиња се гравирани на неа.

Посебна и тажна приказна е Старата градска чаршија.

Голема лага беше предизборно ветеното уредување на партерот и целосна реконструкција на водоводната, одводната, електричната и кабелската мрежа која требаше да биде подземна.

Уништени плоштади, Стара чаршија и амфитеатар во Варош

Реалноста е поинаква: искршени плочки и дупки како кратери, од каблите на бандерите не се гледа небото, а од врвулицата автомобили и узурпираните јавни површини, движењето низ Старата чаршија претставува опасност по безбедноста на граѓаните.

Почитувани сограѓани,

Четиригодишното владеење на ДПМНЕ и Борче Јовчески ќе остане запишано на црните страници од богатата историја на нашиот град, Прилеп!