УНИЦЕФ: Во Јемен страдале или биле повредени 5.000 деца

УНИЦЕФ соопшти дека како последица од војната во Јемен страдале или биле повредени околу 5.000 деца додека 1,8 милиони се прегладнети.

Во извештајот на УНИЦЕФ наведено е дека речиси два милиони деца не одат во училиште од почекот на конфликтот во Јемен кој изби во март 2015 година.

Речиси половина млади во таа земја немаат пристап до чиста вода за пиење додека на 400.000 од нив им е потребна итна помош.

Покрај конфликтот и гладот, Јемен го погодила и епидемија на колера од која се заболеле повеќе од милион луѓе, додека една четвртина инфицирани се деца под пет години.

Во граѓанската војна во Јемен од март 2015 година, загинаа околу 9.000 лица, неколку десетина илјади се ранети, а повеќе од 2,5 милиони се во бегство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Радев во Германија: Цивилизацискиот избор на бугарскиот претседател

Радев мора да го направи својот цивилизациски избор: јасно да каже дека Русија е агресор, …