Силните удари на ветер и страшната бура, потврдуваат дека ураганот Флоренс наближува до источниот брег на САД. Ураганот се заканува со обилни врнежи на дожд и пораст на нивото на Атлантскиот Океан за 4 метри, што може да предизвика катастрофални последици.

Се очекува дека центарот, или окото на ураганот Флоренс, на брегот ќе стигне денеска, петок, во доцните попладневни часови, или најдоцна во сабота наутро. Метеоролозите предвидуваат дека на истокот на САД, Флоренс ќе предизвика катастрофа од невидени размери.