„Урбана ревизија“ - презентација на анкетниот прашалник пред претседателите на урбаните и месните заедници

„Урбана ревизија“ – презентација на анкетниот прашалник пред претседателите на урбаните и месните заедници

Вчера, во собраниската сала на Општина Прилеп, претставници на локалната самоуправа одржаа работна средба со претседателите на урбаните и месните заедници.

На состанокот се изврши презентација на анкетниот прашалник за изработка на алатката на Светска банка „Урбана ревизија“, чија цел е да се идентификуваат ресурсите кои ги поседува секое населено место во општината и со тоа да се идентификуваат потребите на граѓаните за основните општински услуги. Со овој процес ќе се направи опсежен преглед на можностите и потребите на граѓаните и ќе се дефинира рамка за нивна реализација согласно дефинираните приоритети.

По обработката на пристигнатите информации од месните и урбаните заедници, ќе следи процес на обработка на податоците од страна на Одделението за локален економски развој, кои понатаму ќе се преточат во нацрт-план кој ќе биде водич за Општината при подготовка на апликации за грантови или поволни кредити финансирани од Светска банка и други донатори.

На средбата се разговараше и за тековните проблеми на граѓаните за кои може да се интервенира во најбрз рок, како и за начинот на воспоставување на динамика за активна соработка на Општината со урбаните и месните заедници

Прочитајте повеќе

Камери Безбеден град

„Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари идната година

Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари …