Уште едно невакцинирано дете заболе од морбили, епидемијата сѐ уште е на сила

Изминатата недела регистриран е уште еден нов случај на мали сипаници, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Стамува збор за детенце од Скопје, од возрасната група од една до четири години. Епидемијата на територијата на државата сѐ уште трае, а ќе се прекине ако има два последователни термини од вкупно 42 дена кога нема да има нов сомнителен случај.

– Случајот е лабораториски потврден. Не е најдена епидемиолошка врска со друго заболено лице. Заклучно со први овој месец, вкупниот број на регистрирани случаи на мали сипаници во републиката изнесува 1.901. Според резултатите од примероците испратени во референтната лабораторија за мали сипаници во Луксембург, циркулира генотипот B3 Dublin, кој циркулира и во соседните држави – велат во ИЈЗ.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 42.746.

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.295 дози на вакцина, од нив повеќе од 60 отсто кај здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се контакти на заболени и лица над 14 годишна возраст.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …