Уште шестмина руски дипломати прогласени за „персона нон грата“

Уште шестмина руски дипломати прогласени за „персона нон грата“

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека денеска го повикало амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, за да му биде врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

Тие имаат пет дена да ја напуштат земјава.

„Врз основа на информациите добиени од надлежните органи, посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, соопшти МНР.

Ова е второ протерување руски дипломати за неполн месец. На 28 март беа протерани пет руски дипломати, под идентично образложение како за најновиот случај.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција полицајци

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

Тие се сомничат дека на 04.07.2024 околу 23.00 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, при …