Изминатиот викенд, во Кавадарци се одржа Балканско првенство за сениори-ки во џудо. Организатори на првенството беа Џудо федерацијата на Македонија, со техничка поддршка на Џудо клубот „Кожувчанка“ од Кавадарци. На првенството учество зедоа вкупно 8 држави, а во составот на македонската сениорска репрезентација беа и 5 членови на ЏК „Сеишин“ од Прилеп, кои ги постигнаа следните резултати:

Поединечно натпреварување:

  1. Александра Најдоска кат. +78 кг.  2. место
  2. Христијан Ѓураков кат. – 81 кг. 3 место.

Резултати на натпреварувачите од ЏК „Сеишин“ во екипното натпреварување, во кое репрезентацијата на Македонија го освои 2 место:

  1. Марио Тошески кат. -73 кг.  2 место
  2. Христијан Ѓураков кат. -81 кг. 2 место
  3. Кристијан Тошески кат. -90 кг. 2 место
  4. Бобан Глигуроски кат. -90 кг, 2 место
  5. Александра Најдоска кат. +78 кг. 2 место

Во екипното натпреварување, во полуфиналната борба репрезентацијата на Македонија (мажи+жени) ја победи Албанија, додека во финалето загуби од Босна и Херцегоцвина.

Со оглед на претходниот преоден период, како и заради летните одмори и краткото време за припреми, од ЏК „Сеишин“ истакнуваат дека се задоволни со постигнатите резултати.