Успешна е и шестата трансплантација на срце: Пациентот се чувствува добро

Успешна е и шестата трансплантација на срце: Пациентот се чувствува добро

Пациентот кој доби ново срце од девојка, на која во вторникот и беше контатирана мозочна смрт, се чувствува добро. Министерот за здравство Венко Филипче по шестата трансплантација на срце му порача на пациентот што поскоро да се врати на вообичаените животни навики.

„Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики“, напиша Филипче на Фејсбук.

Трансплантацијата на срцето кај 53-годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија, траеше неколку часа. Тој е под надзор на стручниот лекарски тим на Клиниката за кардиохирургија за да се следи критичниот пост-оперативен период.

Како што објави Филипче, од истиот донатор на Клиниката за урологија направена е и трансплантација на бубрег кај 20-годишната пациентка која подолг период беше на дијализа, а ќе се експлантираат и коскени ткива.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …