Успешни настапи на џудистите на прилепски „Сеишин“ на силни меѓународни турнири

Џудистите на ЏК „Сеишин“- Прилеп, во деновите од викендот учествуваа на три меѓународни турнири, кои се одржаа во Црна Гора, Грција и во нашата земја.

На турнирот кој го организираше ЏК „Црногорац“ од Цетиње, Црна Гора на кој учество зедоа натпреварувачи од Црна Гора, Македонија, Србија, Косово, Словенија, Босна и Херцеговина и други земји од регионот, ЏК „Сеишин“ настапи со 5 натпреварувачи кои освоија 3 медали, 2 златни и 1 бронзен:

1 место: Теодора Илиоска -48кг

1 место: Тамара Илиоска -44кг

3 место: Давор Најдоски-46 кг

Покрај освоеното прво место, прилепската џудистка Теодора Илиоска беше прогласена за најдобар техничар на турнирот, во категоријата помлади пионерки.

Иако не изборија место на пиедесталот, добри настапи имаа и Благојче Мантароски и Марко Ацески.

На турнирот во Црна Гора, екипата ја предводеа тренерите Мартин Ристески и ветеранот Киро Здравески.

 

На турнирот одржан во Аминдео, Грција, учество зедоа над 300 натпреварувачи од околу 50 клубови од Грција, Македонија, Турција, Србија, Бугарија, Албанија, Израел, Молдавија, Грузија, Украина, Ерменија, Кипар и други држави од поширокиот регион.

ЏК „Сеишин“ на овој турнир зеде учество во најмалата категорија на натпреварувачи – деца родени од 2012- 2017. За поголемиот дел од нив ова беше прво натпреварување од ваков тип.

Осумте прилепски џудисти освоија 9 одличја: едно прво место, три втори и пет трети места, со напомена дека еден од натпреварувачите зеде учество во две тежински категории.

1 место: Владан Стрезовски -36кг

2 место: Владан Стрезовски -34кг

2 место: Христијан Бунески -30кг

2 место: Бисера Јовеска -33кг

3 место: Бисера Цветкоска -30кг

3 место: Матеја Николоска -27кг

3 место: Мила Здравеска -45кг

3 место: Тамара Стојковска -45кг

3 место: Александар Игнески -24кг

Екипата ја предводеа тренерите Дејан Мицкоски и Марио Тошески.

 

Третиот турнир на кој настапија џудистите на ЏК „Сеишин“ се одржа во Скопје, во организација на ЏК „Миоки“.

Прилепскиот клуб настапи со 8 натпреварувачи кои освоија 3 медали, еден сребрен и два бронзени.

2 место: пионери, Дарио Нанески -50 кг

3 место: кадети, Јован Стојановски -50 кг

3 место: кадетки, Теа Настоска -44 кг

Забележителни настапи на турнирот имаа Петар Чадамов во категорија на пионери, како и кадетите Теона Настоска, Михаил Стојановски, Михаил Димоски и Кристина Мантароска.

Џудистите на ЏК „Сеишин“ ги предводеа тренерите Мики Чадамов и Марио Цинцароски.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …