Втора година по ред, на иницијатива на градоначалникот Јованоски, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст од Прилеп, во просториите на Општина Прилеп се организираше крводарителска акција.

Заблагодарувајќи им се лично на крводарителите и стручните служби кои беа дел од денешната хуманитарна акција, градоначалникот Илија Јованоски истакна дека дека хуманоста и солидарноста во Градот Херој се на највисоко можно ниво.

„Дарувајќи од драгоцената течност, односно дарувајќи дел од себе, покажуваме висока свест и разбирање за потребите на многу наши болни сограѓани и пациенти, за кои потребата од драгоцената теченост е итна и од животно значење. Од тие причини, сметам дека секогаш е добро време да се дарува крв, а пандемијата со коронавирусот не е и не смее да биде пречка за да ја покажеме нашата хуманост“, нагласува градоначалникот Јованоски

Со цел заштита на здравјето на крводарителите и стручните медицински служби, акцијата се спроведе согласно протоколите за заштита од вирусот ковид-19.