уставен суд

Уставен суд: Не се важни имињата на улиците, туку во каква постапка се донесени

Уставниот суд денеска ги критикуваше обидите за, како што велат, груба партизација и политизација која некои политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот. Се работи за одлуки повезани со преименување на улици во одредени општини, за кои Судот вели дека нема никаква релевантност какви и кои се имињата на улици, школи, инфраструктурни објекти и слично.

„Тоа се политички одлуки кои ние не ги цениме, но она што е важно за Судот и за граѓаните е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка“, вњелат од Уставен суд.

Посочуваат дека Уставниот суд ќе остане доследен на својата уставна надлежност и независност и нема да подлегне на какви било политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација и ќе продолжи и да ја зајакнува својата меѓународна соработка.За Судот, недозволени и апсурдни се квалификациите од некои политички фактори дека одлуки на Уставниот суд се „неуставни” или „незаконски“.

„Согласно член 112 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, и општозадолжителни. Наместо да повикуваат на протести насочени дирекно против владеењето на правото, партиите е потребно да покажат вистинска посветеност кон европските вредности и потребите на граѓаните“, посочуваат од Судот.

Од таму апелираат политичките фактори да покажат поголема уставна и политичка култура и да работат во интерес на државата и граѓаните, а политичките разлики и партиските конфронтации да не се водат на грбот на владеењето на правото и на институциите кои се најповикани да го штитат уставниот поредок.

„Доказ за ваквото објективно и независно работење на Уставниот суд, базирано исклучиво врз оцена на уставноста и законитоста на прописите донесени од сите власти во државава се и одлуките за законитоста на постапката за преименување на улиците во Чаир.  Оттука ги повикуваме сите политички чинители, да покажат одговорност и воздржаност во јавната комуникација и да се воздржат од ширење невистини и манипулации на сметка на единствената институција која е чувар на Уставот и на уставно правниот поредок на државата“, велат од Уставен суд

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Никој не ги објавува резултатите од анализите на водата во Гостивар

Никој не ги објавува резултатите од анализите на водата во Гостивар

Иако неколкумина локални и државни функционери на 14 август пиеја вода од јавна чешма во …