Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови од судиите не поведе постапка за оценка на уставноста на член 1 и член 2 од Законот за амнестија, врз основа на кои беа амнестирани лица инволвирани лица во насилството во Собранието на 27 април 2017 година.

Иницијативата беше поднесена од Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) кој смета дека селективната амнестија ги крши основните слободи и права на човекот загарантирани со Уставот.

Уставните судии сметаат дека нема место за поведување постапка и оти Законот за амнестија треба да остане во правниот поредок.

Извор: МЕТА