Усвоен ребалансот на буџетот, најголем дел од средствата наменети за здравствениот систем и економските мерки

Усвоен ребалансот на буџетот, најголем дел од средствата наменети за здравствениот систем и економските мерки

Парламентарното мнозинство го усвои ребалансот на буџетот за 2020 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за зајакнување на здравствениот систем, како и за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за справување со економските последици од коронакризата.

Со ребалансот обезбедени се 243 милиони денари за справување со здравствените последици од коронавирусот. Овие средства ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, како и за набавка на вакцини и тестови за ковид-19.

Во овие 243 милиони денари, вклучени се и средства во висина од 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот, во сите ковид центри низ државата.

„Секојдневно се бориме за секој човечки живот, за секое работно место. Со овој ребаланс се обезбедија дополнителни средства за брзи тестови за ковид-19, како и за медицински персонал којшто е директно вклучен во борбата со коронавирусот. Истовремено со ребалансот се обезбедија средства за реализација на четвртиот сет мерки коишто ќе овозможат ревитализација на економијата преку поддршка на работните места, на инвестициите и извозот на компаниите и на ранливите категории граѓани,“ потенцира министерот за финансии, Фатмир Бесими.

По донесувањето на ребалансот, започнува реализација на четвртиот пакет економски мерки. Преку овој пакет мерки, 470 милиони евра се наменуваат за директна поддршка на граѓаните, за спас на работни места и за поголема поддршка за стопанството.

Предвидени се 70 милиони евра за субвенционирање на плати за 83.000 вработени за месеците октомври, ноември и декември, а 27,6 милиони евра ќе се обезбедат за домашни платежни картички од по 6.000 денари за околу 283.000 наши сограѓани.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …