Крушево

Усвоена Локалната младинска стратегија на општина Крушево

Како резултат на напорната и неуморна работа на Младинскиот Совет, Општината и членовите на работната група, вчера беше усвоена Локалната младинска стратегија на Општина Крушево и двегодишниот акционен план.

На создавањето и усвојувањето на стратегијата им претходеа низа активности, кои имаа за цел да ги мапираат потребите и проблемите на младите во општина Крушево, како и да овозможат воспоставување на структура за подготовка на стратегијата.

Со донесувањето на стратегијата се прави значителен чекор напред кон отстварувањето на нејзината цел: зголемување на активното учество на младите во политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот во локалната заедница.

Стратегијата е со времетраење од пет години и во неа се лоцирани клучните приоритети за младите луѓе во Општина Крушево.

Проектот “Креирање на Локална Младинска Стратегија во Општина Крушево”, е во рамките на шемата за регрантирање на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, спроведуван од страна на АЛДА, Здружението на финансиски работници на локалните самоуправи и јавните претпријатија, Европското движење на Р.Македонија, а финансиски поддржан од Европската Унија.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …