Усвоена Програмата за работа на Владата за 2023 година

Усвоена Програмата за работа на Владата за 2023 година

На вчерашната 121 седница, Владата ја усвои Програмата за работа за 2023 година, којашто е во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели за 2023 година, содржани во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2022 – 2024 година. Тоа се:

  • Обезбедување забрзан, одржлив и инклузивен економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните;
  • Унапредување на енергетската транзиција, инвестирање во енергетска ефикасност и зелен развој, намалување на аерозагадувањето и влијанието на климатските промени;
  • Справување со последиците од светската пандемија предизвикана од КОВИД – 19 и други кризи;
  • Успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија;
  • Унапредување на одбранбената политика во функција на развојот, независноста, територијалниот интегритет, безбедноста на граѓаните и колективната безбедност;
  • Обезбедување на владеење на правото и независност на правосудството;
  • Подигнување на квалитетот на образованието достапно за сите, согласно побарувачката на пазарот на трудот, развој и унапредување на културата и спортот;
  • Професионална и ефикасна јавна администрација, поддржана со интензивна дигитализација, оптимална структура и иновативни процеси и техники;
  • Целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор, градење на граѓанска држава со етничка и социјална кохезија, врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …