Утре нова рунда преговори за судбината на СЈО

Утре нова рунда преговори за судбината на СЈО

Преговорите меѓу власта и опозицијата околу новиот предлог закон за СЈО, ќе продолжат утре попладне. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ до Министерството за правда поднесе 65 амандмани, кои што ќе бидат разгледани во текот на денешниот ден. Иако нивната содржина не е позната, најавите велат дека опозицијата не отстапува од барањето специјалниот јавен обвинител да се избира на предлог на опозицијата.

Новата рунда преговори меѓу власта и опозицијата околу новиот предлог закон за СЈО се очекува да се одржи утре после пладне. Познато е дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ до министерството за правда има поднесено 65 амандмани што ќе бидат разгледани во текот на денешниот ден, но не се познати деталите околу нивната содржина. Засега опозицијата не отстапува од барањето специјалниот јавен обвинител да се избира по предлог на опозицијата.

За власта, законот е добар и во согласност со сите меѓународни препораки. Ако двете страни не успеат да постигнат договор, не се исклучува можноста власта да одржи консултации со сите пратеници, со цел да го обезбеди двотретинското мнозинство.

Прочитајте повеќе

Протест за Фросина

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Тој на последното рочиште ја призна вината и се извини за стореното Основниот Кривичен суд …