Утревечер концерт на „Никеја“ во ЦК „Марко Цепенков“

Утревечер концерт на „Никеја“ во ЦК „Марко Цепенков“

Утре, сабота 6 октомври со почеток во 20.00 часот, во киното „Мис Стон“ во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи  концерт насловен како „Четврт со рокенрол–Unplugged“, на кој ќе настапи вокално инструменталниот состав „Никеја“.

Влезот за концертот е слободен, а составот ќе се претстави со акустичен перформанс кој ќе опфати промоција на новите песни кои се наоѓаат на последниот студиски албум „Њу фолдер“, како и песни од претходните два албума на Никеја.

Посетителите ќе можат да проследат еден нов аранжерски пристап на песните во акустична верзија, кои ќе бидат преставени во својата изворна форма.

Концертот е во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура.

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …