Утринава во Скопје регистриран слаб земјотрес

Утринава во Скопје регистриран слаб земјотрес

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 05 часот и 58 минути регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.5, а беше почувствуван од населението во Скопје, Илинден, Кадино и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.

Извор: МИА

Прочитајте повеќе

дискотека пулс кочани

Обдукција: Семејствата бараат одговори за пожарот во „Пулс“

Семејствата на загинатите во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани повторно бараат одговори од …