Скопје Центар

Утрово закани за поставени бомби добиле 15 училишта во Скопје

Скопските училишта утрово добија нови дојави за бомби. Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска околу 08:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР. 

Меѓу училиштата кои добиле вакви закани се средните школи „Орце Николов“, „Георги Димитров“, „Јосип Броз Тито“, но и средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Претседателот Стево Пендаровски на вчерашното предавање на Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип рече дека компјутерскиот криминал тешко се докажува и дека е потребно време, но дека од аспект на преземените оперативни мерки, децата во училиштата се безбедни, дека постои 24-часовен мониторинг врз училиштата и институциите и дека надлежните ги преземаат сите потребни активности за решавање на лажните дојави.

И премиерот Димитар Ковачевски вели дека скоро апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за лажните бомби во училишта, трговски центри,  државни институции, висококатници и автобуси. Сепак, тој предупреди дека ова е хибридна војна и дека како влада секојдневно комуницираат со НАТО и другите земји со кои имаат соработка. Тој посочи дека по секоја дојава, Одделот за антитероризам работи по протокол, без импровизација и проверува во најкус можен рок за да се утврди дали се лажни дојавите за бомби.

Дојавите за бомби започнаа на 26 октомври годинава, а првата лажна дојава беше на денот кога во Скопје пристигна претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Лажните закани за поставени бомби досега беа воглавно фокусирани на средните училишта во Скопје, но во изминативе денови ваквата хибридна војна се прошири и низ други објекти во главниот град, како што се трговските центри, државните институции, висококатниците и основните училишта, а пријави за лажни дојави за бомби имаа добиено и училишта во Кавадарци.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

банкноти пари плата пензии буџет долг Долговите

Буџетот на ПИОМ за 2025 година тежи речиси 2,3 милијарди евра (АНАЛИЗA)

Само за алиментирање на „социјалните бенефиции“ со кои се опфатени и пензиите, во 2025 година …