Увид во градежните активности на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола

Увид во градежните активности на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола

Градоначалникот Јованоски, претседателот на Владата, Зоран Заев,со министрите Анѓушев и Сугарески, денеска извршија увид во градежните активности на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола. Гасификацијата во земјава се реализира според предвидената динамика и е еден од врвните приеоритети на Владата на Република Северна Македонија.

Увид во градежните активности на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола„Овој крак е само еден од сите предвидени за гасификација на нашата земја, проект за кој оваа година во буџетот се издвоени 1 милијарда и 557 милиони денари или 1,1 милијарда денари повеќе во споредба со 2018 година. Очекуваме засилена динамика во текот на целата година, во втората половина на годината ќе дојдеме до завршна фаза, со што го носиме блиску гасот до индустријата и граѓаните. Тоа ќе ни овозможи да влеземе во фазата кога ќе ги определиме операторите на секундарната мрежа кои ќе треба да обезбедат пренос и приклучок по конкурентни цени. Веќе ги анализираме можностите за субвенции или ефтини кредити за приспособување на внатрешните инсталации и опрема за пристап и избор до поефтин еколошки енергенс. Во функција на развојот, донесовме одлука која што ќе ја имплементираме да Данокот на додадена вредност за користење на гасот го симнеме од 18% на 5 %“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Во текот на минатат година надминати се сите нерешливи прашања од имотно – правен карактер за изградбата на гасификационата мрежа.

Увид во градежните активности на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола„Во однос на овој лот, два, на оваа делница Неготино – Прилеп – Битола, сакам да истакнам дека завршени се околу 36% од градежните работи. Очекуваме да се интензивира работата и да се овозможи еден голем бенефит за граѓаните од Пелагонискиот регион“ ,изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Заклучно со февруари оваа година во реализацијата на магистралниот гасовод Неготино – Битола преку Прилеп поставени се преку 30 километри налегнати цевки, за во текот на наредните два месеци да се стигне до 50 километри.

„Имаме отворена траса од над 52 километри и отворена решена експропријација на околу 75 километри од оваа делница. Овој проект се реализира според динамиката која ја имаме предложено, која се надевам дека ќе ја надминеме и очекувам дека веќе во вторава половина на наредната година оваа делница да биде оперативна и да се користи за снабдување“, рече Бајрам Реџепи, директор на МЕР.

Увид во градежните активности на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола

Бенефитите од гасификацијата во прв момент ќе бидат најзначајни за индустриските
капацитети кои ќе имаат на располагање поефтин енергенс.

„Општина Прилеп се спремаше и се спрема за реализација на овој проект и во таа насока со одлука на Советот на Општина Прилеп се формира јавно претпријатие „Енерго Прилеп“.За оваа година од буџетот издвоивме 5 милиони денари, токму за проектната документација за секундарната гасфикациона мрежа“, рече градоначалникот Јованоски.

Изградбата на гасоводот и неговото користење ќе придонесе кон значително намалување на загадувањето

Увид во градежните активности на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Прилеп – Битола

Прочитајте повеќе

Дамева

Тубуленции во Судскиот совет: Дамева поднесе оставка

На прес-конференција во Скопје, Весна Дамева посочи дека нема слух за подобрување на состојбите во …