Вадефул: Германија нема да се вклучи во војната против Иран

Вадефул: Германија нема да се вклучи во војната против Иран

Германија, според министерот за надворешни работи Јохан Вадепфул, нема да учествува во воени акции против Иран. „Сојузната влада нема намера да се вклучува“, изјави Вадепфул за германското радио Дојчландфунк . За разлика од Британија, која им дозволува на САД да ги користат британските бази во регионот за уништување на иранските ракети и ракетните лансирни рампи, Германија таму нема такви бази. „Ние исто така немаме ни соодветни воени средства“, рече Вадепфул. „А Сојузна Република Германија дефинитивно нема намера како било да се вклучи.“

Можно е, сепак, „нашите војници од Бундесверот, доколку бидат нападнати, да се бранат дефанзивно“, додаде тој. „Натамошни мерки освен овие, од германска страна нема да има.“ Во моментов единици на Бундесверот се стационирани во Јордан и во Ирак.

Чад се крева над градот Ербил во Ирак по ирански напад врз меѓународниот аеродром.
Иран го нападна аеродромот во градот Ербил во Ирак. Во оваа земја има стационирано војници на Бундесверот

На прашањето дали нападот на Израел и на САД врз Иран е спротивен на меѓународното право, Вадепфул рече: „Секако дека постојат сомнежи за тоа, тоа е јасно. Но мора да направиме севкупна проценка на политичката и безбедносната димензија со која се соочуваме. Тоа е наша одговорност како сојузна влада – да кажеме што значи тоа за нас овде. А Иран е значителна закана, не само за Израел и регионот таму, туку и за Германија и за Европа.“

Поконкретно, оваа опасност значи дека во Иран „повторно постои значајна програма за балистички ракети“, објасни Вадепфул. „И тоа се ракети со дострел што ја загрозува и Европа.“ Иранскиот режим, според него, „во секое време бил подготвен да дејствува и против Европа и европските интереси“ и „не’ загрозува и терористички тука во Германија“. Од Иран во насока на Германија „се изведуваат сајбер-напади“. Земјата, исто така, ја поддржува руската војна против Украина. „Не можам да го игнорирам тоа“, рече Вадепфул.

„Доколку овој режим биде спречен барем да не може против нас да постапува како што постапувал во минатото, тоа ја зголемува нашата безбедност тука во Германија. И тоа за мене е клучен аспект“, додаде Вадепфул.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

СДСМ: Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја

СДСМ: Мицкоски молчи за Адамовиќ поради поврзаноста со бизнисот со струја

Прес конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ Антикорупцискиот тим на СДСМ …