Вагон со амонијак се преврте кај Пирот во Србија, над 50 лица со симптоми на труење

Вагон со амонијак се преврте кај Пирот во Србија, над 50 лица со симптоми на труење

Вагон со амонијак се превртел вечерва на железничката делница кај Пирот во Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

Според информациите од Универзитетскиот клинички центар во Ниш, осум лица се хоспитализирани поради симптоми на труење. Примени се вкупно десет лица, а двајца се пуштени на домашно лекување.

Во болницата во Пирот со симптоми на турење се пријавиле 51 лице. Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ прогласи вонредна состојба во градот, а училиштата во понеделник нема да работат, јави ТВ Н1.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека „дошло до пролизгување на вагонот на товарниот воз што превезувал амонијак и во таа прилика дошло до истекување на гас и голема концентрација во атмосферата“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните кои живеат во близина на местото на инцидентот „да не излегуваат од домовите и да не излегуваат надвор“. Сообраќајот во тој реон е во прекин.

Државната радио телевизија на Србија соопшти дека седум лица се хоспитализирани во Универзитетскиот клинички центар во Ниш од вкупно 51 лице кое дошло поради симптоми на труење со амонијак.

Работниците од втората смена во фабриката за гуми „Тигар гуми“ во Пирот се евакуирани, а тие што се трета смена, како што соопшти РТС, нема да доаѓаат на работа.

По повод несреќата се огласи транспортната компанија „Србија Карго“, која соопшти дека станува збор за нивниот товарен воз кој секојдневно патува, превезувајќи суровини од Бугарија до Прахово и Шабац. Од „Србија Карго“, како што јави РТС, во своето соопштение наведуваат дека нема жртви и повредени.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Во Хрватска денеска (17 април) се одржуваат редовни парламентарни избори на кои право на глас …