Вакциналните пунктови низ земјава ќе работат и утре

Вакциналните пунктови низ земјава ќе работат и утре

Сите вакцинални пунктови низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат со вакцина против ковид-19, утре ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден, информираат во Министерството за здравство.

Инаку, како што информираат оттаму, во еден ден аплицирани се вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2.293 граѓани примиле трета доза вакцина.

„Заклучно со 3 ноември вкупно се вакцинирани 807.528 граѓани, ревакцинирани се 778.482 а трета доза примиле 38.719 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина“, информираат во министерството.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …