Вчера е аплицирана 9.631 вакцина, досега се вакцинирале вкупно 252.537 граѓани

Вчера е аплицирана 9.631 вакцина, досега се вакцинирале вкупно 252.537 граѓани

Вакцинацијата на граѓаните против ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 446.195 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 252.537 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.391 граѓани, а вкупно во текот на вчерашниот ден се вакцинирале 9.631 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 420.821 доза вакцини, а ревакцинирани се 168.284 граѓани.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат промено 48 отсто од населението над 70 години, 42 отсто од граѓаните над 65 години и 35 отсто од лицата  над 60 години.

Од Министерството за здравство потсетуваат дека вакцинацијата се спроведува според Националниот план за имунизација, се вакцинираат возрасни и граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, како и лица вработени во критична инфраструктура. Вакцинацијата се во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …