Министерството за здравство информира дека вчера пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“. Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4.680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).
Во текот на денешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на „АстраЗенека“.
„Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек,“ се вели во соопштението.