пожари стрништа ниви

Вчера се случиле 13 пожари на отворено, една третина биле на диви депонии

Една третина од вчерашните пожари на отворено биле на повик за гаснење депонии или ѓубришта, од кои огнот вообичаено се шири на поголем простор во околината

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека во текот на изминатово деноноќие се случиле 13 пожари на отворено. Од нив, 12 се изгаснати од пожарникарите, а активен е само еден, во Општина Велес, помеѓу селата Отишино и Оризари, каде гори ниска вегетација.

Од ЦУК велат дека ќе продолжат да дејствуваат согласно ситуацијата на теренот.

Една третина од вчерашните пожари на отворено биле на повик за гаснење депонии или ѓубришта, од кои огнот вообичаено се шири на поголем простор во околината. Ваквите диви депонии обично се наоѓаат до населби и освен што од нив може да се прошири пожарот, дополнително опожарените диви депонии и ѓубришта го загадуваат амбиенталниот воздух, особено во градовите каде што веќе има аерозагадување.

Хеликоптер на МВР фрли над 20 тони вода врз пожарот кај струшкото село Делогожди, велат од ЦУК.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Платата на премиерот е 140.450 денари, а на министрите по 115.540 денари

Платата на премиерот е 140.450 денари, а на министрите по 115.540 денари

Владата јавно ги објави платите на претседателот на Владата, како и на министрите. Според објавените податоци, највисока …