Вчера во Скопје имало 22 интервенции на пожарникарите и 7 лажни пријави за пожари

Вчера во Скопје имало 22 интервенции на пожарникарите и 7 лажни пријави за пожари

Вчерашниот ден бил исклучително тежок ден за екипите на Противпожарната бригада на Скопје, кои имале 22 интервенции на територијата на Скопје, информираат од Град Скопје. Најголем дел од интервенциите биле за запалена трева, а поголем пожар се случил во фабриката ОХИС. Сите пожари се изгаснати, а на локациите се интервенирало со повеќе возила и пожарникари.

Градските власти велат дека во моментов на територијата на Скопје нема посериозни пожари.

„За жал, треба да се напомене дека во време кога низ целата земја се соочуваме со голем број на пожари, кои нанесуваат голема материјална штета, како и непроценлива штета на флората и на фауната, а имаме и човечки жртви, во текот на вчерашниот ден имавме и 7 лажни пријави на пожари“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Градските власти апелираат до сите граѓани во овие тешки времиња да се однесуваат одговорно и да не го злоупотребуваат телефонскиот број 193, бидејќи во случаи со пожар секоја секунда е важна и истата може да загрози или да спаси нечиј живот.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …