Вечер за паметење со Влатко Стефаноски Трио, Нокаут, The Hounds и Фрајле

Вечер за паметење со Влатко Стефаноски Трио, Нокаут, The Hounds и Фрајле

Посетителите на третата вечер на 17 – тото издание на Пиво фест, синоќа се забавуваа на изведбите на The Hounds, Фрајле,  Влатко Стефаноски Трио и Нокаут.

„Имавме одлична забава, поминаа три одлични вечери, последнава вечер кој е завршница ќе биде исто така успешна. Посебно ми е драго што синоќа поголемиот дел од изведувачите беа од македонската музичка сцена. Особено сум радосен што на сцената настапија татко и син, затоа што настапот ветува дека синот на Влатко Стефаноски, Јан ќе биде успешен како и неговиот татко. Денешнава вечер уверен сум  дека ќе помине во добра атмосфера на задоволство на сите“, истакна градоначалникот Јованоски.

Програмата оваа вечерва ја отваараат The For, потоа следат настапите на Кал бенд, Даниела Мартиновиќ а завршница се Cyrillic. Ова е прв настап на Кал бенд во Македонија. Бендот постои повеќе од 15 години и досега настапувал на повеќе од илјада концерти во странство, истакна фронтменот на бендот Драган Ристиќ.

„Ние свириме  ромска музика спакувана во еден современ музички пристап, односно современа критичка реакција на музиката околу нас но длабоко вкоренета во ромскиот идентитет. Имаме два албума, во странство сме многу присутни за разлика од Македонија “, рече Драган Ристиќ, фронтмен на бендот Кал.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …