Ивон Величковски

Величковски: ДПМНЕ и владините партнери се тие кои треба да се правдаат за дестабилизацијата на државата

фејсбук статус на Ивон Величковски

За ВМРО-ДПМНЕ да бара оградување од „план за дестабилизација на државата“ од било кого – прво треба да ја прекине сопствената (владина) дестабилизација на државата

  1. Факт: „Дестабилизацијата во септември“ најавена од премиерот е „гласно одмолчана“ од безбедносните институции, па ВМРО-ДПМНЕ мора да ја џвака на партиски ПРЕС-ови, а Мицкоски „на сред драма“ замина на одмор.

Значи темата не е безбедносна, туку политичка и партиска. Затоа, наместо да влегуваме во стапицата на Пи-аР-от на „Белата палата“…

  1. Да ги наброиме сите обиди да дестабилизација на државата во овие три месеци од страна на (Владата на) ВМРО-ДПМНЕ:

А) Прв обид за дестабилизација е пораката на иредентизам при себепромовирањето на Давкова во „претседател на Македонија“, иако опсегот (на институцијата претседател) на Републиката е во државните граници на Северна Македонија.

Б) Вториот обид е истовремен: во истата изјава на Давкова е содржан обидот за нарушување и на Преспанскиот договор (како однос кон Грција) и на појаснувањето во ОН дека името на државата не пледира на други делови од северното подрачје на регионот Македонија (како однос кон Бугарија). Обете дестабилизации целеа кон предизвикување вето кон ЕУ-интеграциите на РСМ од Грција и Бугарија, иако тие се утврден национален и надетнички приоритет.

В) Трет обид е условувањето на гасната интерконекција на Северна Македонија од Александрополис со продолжувањето на гасната врска кон север и североисток. Мицкоски ова го најави уште пред стапувањето на премиерската должност: енергетската безбедност и гасификацијата на земјата како економска потреба ги стави во зависност од продолжувањето на оваа гасна мрежа кон Србија и Унгарија.

Г) Четврт е активниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за прекинување на изградбата на коридорот 8, кој е транспортен, економски и – одбранбен. Затоа Мицкоски го премолча првиот меѓународен документ потпишан од неговата Влада на Самитот на НАТО во Вашингтон, а Мисајловски ги минимизираше обврските од него – за обезбедување брз транспорт на воени трупи и опрема од Италија, преку Албанија и Северна Македонија до Бугарија. Преку Коридорот 8.

Д) Петтиот обид за дестабилизација е во игнорирањето на фактот што владиното мнозинство не обезбедува т.н. „Бадинтерово мнозинство“, како инструмент формиран за заштита на немнозинските заедници од мајоризација.

  1. Обидот на ВМРО-ДПМНЕ да се промовира во ексклузивен претставник на Македонците, затоа, изискува реторичка поларизација кон Албанците, но во суштина е втемелен и на вшмукување на политичкото претставништво на сите Немакедонци и Неалбанци во своите пратенички редови, што секоја опозиција цели да ја претстави како „непатриотска“.

Токму обидот за изигрување на Рамковниот договор кој е составен елемент на Уставот и по слово и по дух е дестабилизација (на уставното уредување) на државата.

  1. За ВМРО-ДПМНЕ во следните две седмици од суштинско значење е да ја навлече опозицијата на „правдање“ од хипотетичка закана (ДУИ) и во „колнење во верност кон етно-партиското единство“ (СДСМ) – за ВМРО-ДПМНЕ да остане доследно кон обврските кон југословенската коморска тајкунерија во Скопје.

Конкретно, Северна Македонија да (о)стане: Оф-шор зона на парите испумпани од поранешните советски и југословенски пространства и Палир на изградбата на коридорот на „српскиот свет“ кон Солун за руски воено-стратешки и кинески економско-стратешки потреби кон (кандидатите и) земјите-членки на ЕУ и членките на НАТО на европско тло.

  1. Игнорирањето на повиците на Мицкоски и ПРЕС-овите на ВМРО-ДПМНЕ, затоа, е од есенцијално значење.

Ако некој треба да се правда за дестабилизацијата на државата уште пред истекот на стоте дена од формирањето на Владата – тоа се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните владини партнери.

  1. А пораките до ВМРО-ДПМНЕ треба да гласат:

А) Ако имате намера да се борите против корупцијата и криминалот, да се донесат закони за примена на рестриктивни мерки и за ветинг.

Б) Ако имате намера да го водите евроинтегративниот процес, да се донесат дополнувањата на Преамбулата.

В) Ако продолжите да ја дестабилизирате државата, отпорот кон вашата деструктивна политика е должност.

Прочитајте повеќе

Недела на детето: Наша задача е да создадеме општество во кое секое дете ќе расте во здрава средина

Недела на детето: Наша задача е да создадеме општество во кое секое дете ќе расте во здрава средина

Пишува: Анета Неданоска, дипломиран воспитувач Неделата на детето ја одбележуваме во период во кој се …