Велковски: Пратеничката група на СДСМ ќе бара одложување на законските измени за пазарџиите

Велковски: Пратеничката група на СДСМ ќе бара одложување на законските измени за пазарџиите

Прес конференција на Диме Велковски, пратеник од СДСМ и коалицијата:

СДСМ со внимание ги следи реакциите кои произлегоа од законските измени што ги засегаат граѓаните кои остваруваат трговска дејност на пазарите.

Затоа, пратеничката група на СДСМ ќе бара и ќе се залага за одложување на спроведувањето на  измените, со цел да се овозможи време засегнатите страни да дојдат до заедничко решение.

Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, ќе се најде решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да си заработи денар плус, но и решение кое ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија.

Институциите, продавачите и организаторите на пазарите неопходно е на заедничка маса да дискутираат како да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …