Велковски

Велковски: Сите пратеници во Собранието да ги поддржат законите од пакетот антикризни мерки

Изјава за медиуми на Диме Велковски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Во услови на најголема економска и енергетска криза, во која се наоѓа Европа и светот, се чувствуваат силни последици од она што се случува на глобоално ниво, растат цените за храна и енергија.

Почитувани во собраниска процедура се поднесени повеќе економски мерки вредни 400 милиони евра директно насочен кон заштита на стандардот на граѓаните и помош на стопанството.

Целосно се укинува ДДВ за основните производи храна, на 0%. Лебот, брашното, маслото за јадење, млекото, шеќерот, месото, јајцата и оризот се опфатени со оваа мерка.

Ги укинуваме царинските давачки за увозот на основните прехранбени производи, и тоа од сите земји во светот.

На овој начин го ублажуваме влијанието на ценовните шокови врз основните прехранбени производи.

Понатаму, ја намалуваме акцизата за горивата и го намалуваме ДДВ за енергенсите од 18 на 10%.

Со оваа мерка која очекуваме да стапи на сила веднаш по усвојување на законите во Собранието, бензинот ќе поефтини за 11,5 денари а дизелот за 10 денари.

Дополнително, целосно ослободуваме од плаќање ДДВ при увоз на гас, електрична и топлинска енергија.

За ранливите граѓани воведуваме парични ваучери од 3.000 денари. Над 35 илјади граѓани ќе имаат директен бенефит од оваа мерка, што во време на глобална енергетска криза е добредојдена.

Новите 26 мерки се целосно насочени кон користење на сите ресурси на државата во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Тоа е правилно и вистинско.

Денеска на собраниска седница се измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност и на Законот за акцизите.

Станува збор за измени со кои ќе се реализираат клучни мерки од антикризниот пакет кој го изработи Владата.

Ги повикуваме сите пратеници да дадат поддршка на овие измени што за граѓаните ќе значат поевтина храна и ублажување на последиците од поскапувањето на горивата.

Ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска да покажат одговорност, и ако не сакаат да помогнат, барем да не одмагаат.

Итноста на ситуацијата со огромната светска економска и енергетска криза, налага овие закони да бидат донесени што побрзо. Граѓаните не смеат да чекаат ниту ден повеќе.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Колку е значајно членството во НАТО за нашата безбедност гледаме сега во време на конфликти

Ковачевски: Колку е значајно членството во НАТО за нашата безбедност гледаме сега во време на конфликти

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, денес во изјава за медиуми ја посочи важноста на носењето …