Велосипедска патека, тераси, летниковци и спортски игралишта – содржини на проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“

Велосипедска патека, тераси, летниковци и спортски игралишта – содржини на проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“

Во просториите на Општина Прилеп, денеска беше организирана јавна презентација на Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти, за потпроектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“.

Борче Јанкулоски, проектен менаџер на потпроектот, истакна дека денешната средба имала за цел да се изврши презентација на списокот на активности и интервенции кои се предвидени со проектот, со посебен осврт на мерките од списокот за проверка на Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти. Како што напомена Јанкулоски, важно е да се истакне дека потпроектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“, е изработен врз основа на Националната правна рамка и Политиката за заштита на животната средина и социјална политика на Светска банка.

Велосипедска патека, тераси, летниковци и спортски игралишта – содржини на проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“„Во проектот е планирано да се изведат 5 поединечни потпроекти: изведба на целосно осветлена велосипедска патека од потегот ‘Маркова чешма’ до с.Присад во должина од 7,3 километри и ширина од 3 метри, уредување на пристапна улица со паркинг простор од некогашниот мотел на вештачкото езеро, од каде продолжува рекреативно-излетничката зона како дел од проектот за уредување на мултимедијален простор со 3 тераси, 6 летниковци и урбана опрема каде ќе може да се организираат разни настани и културни содржини. Исто така, планирано е да се изградат две спортски игралишта, пешачка патека во должина од 750 метра, а ќе бидат поставени и клупи и канделабри. Имплементацијата на проектот има за цел да ја зголеми пристапноста на ова подрачје како зона за активен туризам и да го врати некогашниот сјај на езерото“, изјави Јанкулоски.

 

Проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“ во износ од 850.000 евра, финансиран е од ЕУ и сопствено учество на Општина Прилеп, а администриран од проектната канцеларија на Светска банка.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …