Весна Атанасовска-Вучиќ: Златко Лашкоски ги сакаше музиката и пишаниот збор, ама не по задача, туку од срце

Весна Атанасовска-Вучиќ: Златко Лашкоски ги сакаше музиката и пишаниот збор, ама не по задача, туку од срце

На чинот на отворањето на 47 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, краток омаж за ликот на прерано починатиот секретар на Фестивалот, нашиот драг пријател Златко Лашкоски, имаше Весна Атанасовска-Вучиќ:

Да ја сакаш татковината, значи дека вложуваш во јазикот, културата, во традицијата. Таков беше нашиот Златко Лашкоски. Беше дете кога стана дел од Фестивалот. Љубовта спрема народното творештво што му ја пренесоа татко му Илија и неговиот чичко Пеце, не избледе со децении. Остана вљубеник во изворната песна, во инструментите, до крајот на својот, за жал на сите нас, краток живот. Ги сакаше музиката, пишаниот збор… Ама не по задача, туку од срце, со целата душа. Малкумина знаат дека Златко пишуваше песни, кои се надевам дека наскоро ќе бидат објавени.

За Прилеп

Од Плетвар кога те гледам,

Во себеси желба си редам

Дал’ ко Самуил овде војска да видам

Ил’ ко Крале Марко јунак да бидам?

Дали умен и мирен ко Ѓорче и Пере да станам

Ил’ ко Тарцан и Кузман востание да кренам?

Прилепе, граду, херој си!

Јунаци многу ни даде ти

За на народот и времето што иде

Македонија слободна да им биде

Ченто и Шарло гордо кренаа глава

Зошто нивниот живот и труд се слават

А ти гордо ко Саатот стоиш

И се’ поубав во иднина пловиш.

Весна Атанасовска-Вучиќ: Златко Лашкоски ги сакаше музиката и пишаниот збор, ама не по задача, туку од срцеСе знаевме од деца. Заедно растевме, се радувавме на сите семејни веселби. Имавме убава младост, а семејството Лашкоски, познати прилепчани, е со неверојатен осет за хумор. Тоа беа убави времиња. Патот го донесе во Скопје, на студии, па со неговата Горде и со синот Илија, чекореа низ животот исполнет со љубов, со разбирање. По овоземното заминување на нашите татковци, ние веќе доволно зрели личности, станавме дел од Советот на Фестивалот. Тага, ама и голема радост.

 

Мајко

Над гробот твој стојам со тага

Копнеам по твојата насмевка блага

Го молам Бога уште еднаш само

Со тебе да бидам, мамо

Да го чујам твојот глас мил

Насекаде каде што сум бил

Да ја слушнам твојата молба до Бога:

„Те молам, кај да е врати го дома“

Мајко за мене единствена си, знај

Се молев подолг да е твојот крај

Но ти толку рано си појде

Ни твојот внук кај тебе не дојде

И денес секој спомен срце боди

За совет твој низ животот како да се оди

„Сине, знај, колку маката да е силна

За секој успех фамилијата е битна“

Се сеќавам кога Златко за прв пат застана на чело на дефилето. Горд, стамен, онака како што прилега, чекореше пред гајдите, кавалите, зурлите, пред тапаните, пред учесниците. Онака како што тоа го правеа и нашите предци. Беше темпераментен, некогаш знаеше и да подвикне. Ама тоа траеше 2-3 минути и потоа повторно гушкање, смеење, пеење. Беше човек со големо срце.

Другарка

Ги знаеше сите мои мани

Ти ја кажував секоја љубовна мака

И кога другите беа слепи и неми

Ти секогаш ми подаваше рака

Ти плачев на твоето рамо

Ти ја откривав својата душа

И кога никој не сакаше да ме слуша

Беше тука совет да ми дадеш

Очи имам, како да ги немав

Раце имам, во нив не те земав

Зар не можев никако да сфатам

Дека само тебе можам да те сакам?

Те сметав за другарка само

Онаа за која се’ друго е страно

За после скоро половина век

Да сфатам дека за мене си лек

Златко, ни недостигаш. Ама твоите песни остануваат со нас!

Прочитајте повеќе

Се случува она што го најави СДСМ, се формира нова сателит партија на ВМРО- „Српска Демократска лига“

Се случува она што го најави СДСМ, се формира нова сателит партија на ВМРО- „Српска Демократска лига“

Соопштение за јавност на СДСМ Она што СДСМ го најави пред граѓаните уште пред еден …