Ветувањето на Филипче станува реалност - до крајот на април во прилепската болница ќе биде ставена во функција магнетната резонанца

Ветувањето на Филипче станува реалност – до крајот на април во прилепската болница ќе биде ставена во функција магнетната резонанца

Во JЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, во тек се завршните активности за ставање во употреба на апаратот за магнетна резонанца.

Според зборовите на надлежните од оваа здравствена институција, завршени се обуките на техничките лица, а при крај се и обуките на медицинскиот персонал. Истовремено, во тек се финалните работи околу чистење и дезинфекција на просторот и доколку се’ тече според планот, се очекува до крајот на април апаратот за магнетна резонанца да биде ставен во функција.

Станува збор за апарат кој има важна улога во раното детектирање на разни болести, а кој беше ветување на поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

Ставањето во функција на апаратот за магнетна резонанца е од исклучителна важност не само за граѓаните на општина Прилеп, туку и за жителите од општините Крушево, Македонски Брод, Пласница, Долнени и Кривогаштани.

Прочитајте повеќе

кацарска

Уставен суд: Кацарска има право да остане на функцијата

Како реакција на тоа што Судскиот совет испратил известување до претседателот на Собранието, дека уставната …