Вицепремиерот Битиќи на средба со државната секретарка во германското федерално министерство за економија и енергетика Доер Вос – Германија е најголем трговски партнер на Северна Македонија, заеднички работиме на уште посилно економско поврзување

Вицепремиерот Битиќи на средба со државната секретарка во германското федерално министерство за економија и енергетика Доер Вос – Германија е најголем трговски партнер на Северна Македонија, заеднички работиме на уште посилно економско поврзување

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој е во работна посета во Берлин, Сојузна Република Германија, денес оствари работна средба со државната секретарка во федералното министерство за економија и енергетика Клаудија Доер Вос, со која разговараа за економската соработка помеѓу двете земји.

Вицепремиерот Битиќи упати благодарност до германските власти за континуираната поддршка за евро-атлантските интеграции на Северна Македонија, но и целиот регион на Западен Балкан, при што истакна дека германската поддршка е една од најважните, особено кога станува збор за реформите во економијата. „Берлинскиот процес“, на кој еден од иницијаторите беше токму СР Германија, дава конкретни резултати, регионот оди напред со поддршка од земјите од ЕУ, а крајна цел е сите земји од регионот да станат и полноправни членки на Европската Унија.

Вицепремиерот констатираше дека економската соработка со Сојузна Република Германија е на исклучително високо ниво, веќе традиционално оваа земја е прв трговски партнер на Република Северна Македонија, како последица на голем број на директни инвестиции на компании од Германија. Беше потенциран и процесот на „near-shoring“ кој подразбира преселба на голем дел од производството на компании од високо развиените земји кои имаа сопствени капацитети во земјите од далечниот исток во нивна непосредна близина, а Северна Македонија секако е една од дестинациите каде дел од ова производство ќе биде трансферирано.

На состанокот вицепремиерот Битиќи ги претстави и преземените чекори за развивање на 20-годишна Национална развојна стратегија на Република Северна Македонија до 2041 година, во која ќе бидат опфатени сите аспекти на општественото живеење, а која треба да обезбеди одржлив економски раст на земјата. А изрази и голема благодарност и за помошта и поддршката која Сојузна Република Германија ја дава кон развојот на нашата земја, верувајќи дека ќе го поддржат и развојот на овој, за нас, важен долгорочен стратешки документ.

Вицепремиерот Битиќи и државната секретарка Доер Вос, како области каде би можела дополнително да се унапреди соработката ги дефинираа енергетиката (обновливи извори, just transition, намалување на стакленички гасови) индустријата, заштитата на животната средина и спроведување на структурни реформи во економијата. Како една од конкретните мерки со кои директно ќе се помогне на инвеститорите, особено оние од преработувачката индустрија, а која е и дел од владината програма, е измената на царинскиот тарифник и негово прилагодување на царинските стапки во ЕУ.

Прочитајте повеќе

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето …