Вицепремиерот Битиќи во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ: Буџетот е во одлична кондиција, приходите растат, нема да има потреба од задолжување до крајот на оваа година

Вицепремиерот Битиќи во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ: Буџетот е во одлична кондиција, приходите растат, нема да има потреба од задолжување до крајот на оваа година

„Нема да има потреба од поголемо задолжување до крајот на 2021 година. Последните податоци се навистина одлични од аспект на приходи во буџетот, во сите ставки имаме зголемување, ако се направат споредби со истиот период во 2019 година, а да не споредуваме со 2020 година, кога имавме криза. Еве во делот на придонеси, каде некои велат дека е лошо, ние во Владата велиме има подобрување, има зголемување од 400 милиони денари, во споредба со 2020 и 2019 година и некаде зголемување од околу 7%. Во делот на данокот на додадена вредност, зголемувањето е за околу 1,5 милијарди денари или околу 250 милиони евра. Овие параметри ни покажуваат дека кондицијата на буџетот е добра, не се потребни големи задолжувања, освен она што е планирано со среднорочниот план за задолжување, а кој треба да одговори на потребите за развој. Интервентниот план за инвестиции ни даде проекција дека во нашата држава на среден рок ќе се вбризгаат инвестиции, приватни и јавни, од околу 8,2 милијарди евра, за да се подобрат состојбите во различни сектори“, потенцираше заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, за време на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“, која се емитува на електронскиот медиум Слободна ТВ.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека задолжувањата кои се направени во периодот на коронакризата, а кои изнесуваат околу 10% од БДП, се направени исклучиво за да се одговори на предизвиците со коишто се соочија стопанството и граѓаните, како и дека сите средства од буџетот се транспарентно прикажани и се знае каде завршил секој денар, независно дали е од задолжувања или од други приходи.

„Задолжувањата во ковидкризата ни помогнаа да го намалиме дефицитот во буџетот, со оглед на тоа што поради Ковид-19, дефинитивно се намалија приходите во буџетот, а беше потребно да се сервисираат сите услуги и трошоци кои се преземени како обврски на државата. Во ниту еден момент немаше ситуација да доцнат пензиите, социјалната поддршка, се справувавме навремено од здравствен аспект со коронакризата, навистина соодветно одговоривме на предизвикот кој ни го донесе оваа криза од секој аспект. Несоодветни се сите споредби на задолжувањата направени во ковид периодот, кога задолжувањето изнесува 10% од БДП, а ако го споредиме со другите земји од Европска Унија, таму задолжувањата одат и до 30% од БДП, и таму никој тоа не го оспорува. Споредбата со периодот од 12 години претходно во Северна Македонија, кога има покачување на задолжувањето за 27% од БДП, а се креирани споменици и бели палати, мислам дека е несоодветна споредба. Ние минатата година, за да имаме ликвидни средства, за да одговориме на реалните потреби на граѓаните и стопанството, интервениравме со задолжување и го намаливме падот на БДП за 4,2%. Доколку не интревениравме, падот ќе изнесуваше 8,7%, а ние завршивме со пад на БДП во 2020 година со 4,5%. Тоа е умешноста на Владата, затоа некој не избира, да одговориме со вистински мерки кога тоа на граѓаните им е потребно. Се додека е овој состав на Владата, се додека сум јас во Владата, ако треба ќе се задолжиме онолку колку што треба за да одговориме на потребите на граѓаните“, нагласи вицепремиерот Битиќи во своето гостување во „Утрински брифинг“.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …