И додека едни се „за“, а други без јасен став, овој таканаречен кризен штаб е за бојкот на референдумот. Обединети се повеќе здруженија, но предводник на терен е партијата „Единствена Македонија“.
Приврзаниците на движењето „Македонија бојкотира“ се обидуваат да ги убедат граѓаните од цела Македонија да го бојкотираат референдумот. Заедно со нив, екипата на 360 степени тргнува за Битола, Могила и Новаци.