kokain

(Видео) Европол растури кокаински „суперкартел“

Запленети се тони дроги, уапсени се бројни криминалци: на европската агенција Европол и` успеал голем удар против кокаински „суперкартел“.

Во координирани рации извршени во повеќе европски земји, како и во Обединетите Арапски Емирати, приведени се вкупно 49 осомничени, соопшти европската полициска служба Европол денеска во Ден Хаг.

Меѓу приведените се наоѓаат и шест лица идентификувани како  крупни нарко босови,  сите лишени од слобода во Дубаи.

Во акциите спроведени во ноември годинава и делумно во изминатата година учествувале полициски служби од Шпанија, Франција,  Белгија,  Холандија, Обединетите Арапски Емирати и САД. Рациите биле насочени како против командна централа, така и против логистичката инфраструктура на трговијата со дрога во Европа.

Приведените биле организирани во картел, под чија контрола се наоѓала речиси една третина од трговијата со кокаин во Европа и кој вршел  перење пари  од голем обем. Размерот на  шверцот на кокаин кон Европа,  којшто бил под контрола на овој картел, се оценува за огромен: според Европол, во текот на истрагата биле запленети преку 30 тони дроги.

Прочитајте повеќе

„Нема откажување од иднината“ - СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори (Видео)

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска …