(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос и во Скопје и во другите општини

(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос и во Скопје и во другите општини

Одговор на новинарско прашање на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски при денешната посета на откупниот пункт за тутун во Тутунски Комбинат – Прилеп:

ВМРО-ДПМНЕ пред точно една година победи на локалните избори во државата. Тие освоија 50 општини во државата, тие освоија локална власт во главниот град во државата. Она што треба да прават е да се фатат за работа.

Како што 11 години кога владееја со државата, која беше според сите меѓународни институции прогласена за заробена држава, просечната плата беше 9.000 денари, а сега е 18 илјади денари. Единствено што ги интересираше е да прават споменици.

Сега ќе ви кажам, тука сме баш на убаво место да ви кажам еден податок што во 2015та година ставија неисплатени 2,5 милијарди денари субвенции на земјоделците, зашто за истите пари од 2,5 милијарди денари кои што беа врвни каменоресци изградија 36 споменика во центарот на Скопје.

И таква катастрофа која што и’ се случи на Македонија 11 години, сега во моментов му се случува на Скопје. Така како што успеаја да ја заглават државата 11 години, ниту еден милиметар во европски интеграции, раскарани внатре, раскарани со сите соседи, истото сега се случува во Скопје.

И затоа јас би им порачал власта која што ја имаат во Скопје да земат да ја партиципираат, затоа што од Скопје денеска едвај излеговме бидејќи на протест се сите превозници.

Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа фабрика за електрични автобуси, ветуваа брда и долини, а во моментов во Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има било какво поместување на било кој капитален проект кој што им го остави минатата власт, која што изгуби, им честиташе победа и ја предаде власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Не може да биде изговор на ВМРО-ДПМНЕ дека тие се скарале со градоначалничката која што е нивни кандидат, бидејќи тие одеа по Скопје да ја промовираат, не одев јас да ја промовирам по Скопје. И не може сега ние се скаравме, ама за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори. Не поминува таа работа.

Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините.

Не сакам да зборувам за општина Прилеп. Вие сте од Прилеп гледам тука многу прилепчани, кажете ми една работа што е направена за 1 година во Прилеп и ќе ви стане јасно дека освен што треба да се фатат за работа најмалку треба да зборуваат за избори, бидејќи видовме во август како завршија изборите, а исто ќе завршат изборите и во 2024 година. Редовните претседателски кога ќе избереме претседател на државата од СДСМ со коалицијата и кога на парламентарните повторно оваа Влада ќе победи.

Прочитајте повеќе

полиција полицајци

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

Тие се сомничат дека на 04.07.2024 околу 23.00 часот на ул.„Даме Груев“ во Скопје, при …