(ВИДЕО) „Крв да ни се стори“ е нова песна на Каролина, Пијан Славеј и Дуке Бојаџиев

Каролина ГочеваБранислав Николов и Дуке Бојаџиев ја претставија својата нова песна „Крв да ни се стори“. Песната е објавена и достапна за преслушување на YouTube.

Музиката и текстот се на Бранислав Николов, аранжманот и продукцијата се на Дуке Бојаџиев. Песната е снимена во Студио Скопје на Дуке Бојаџиев и во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски.

Како инструменталисти во реализација на ова музичко издание учествуваат: Трајко Симоновски-Таци, бас-гитара; Мартина Баракоска, тапани; Мартин Џорлев, гитара; Владимир Крстев, виолина. Дуке Бојаџиев учествува на изданието како клавијатури и ударани инструменти.

Аудиомиксот и мастерингот се на Ивица Јанкуловски, кој е и тонски снимател на изданието.

Во најавата за „Крв да ни се стори“ на социјалната мрежа Фејсбук, Каролина напиша:

Некогаш, од неврзан „битолски“ муабет во dm може да се роди нешто баш убаво…

Крв да ни се стори е танц на копнеење во двојка… од првиот, срамежлив чекор облеан во топлото есенско сонце, до вртоглавиот вител потопен во безумното вечерно вино.

Ова не е прва заедничка песна на Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев.

Досега соработувале на неколку синглови. „Идила“ и „Зборови немам“ се резултатот на оваа соработка.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …